сабота, 6 декември 2025

Вучиќ: Нема одлука од САД за продолжување на лиценцата на НИС, рафинеријата доби дозвола да престане со работа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека не пристигна одлука од САД за продолжување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС), за која земјата воведе санкции поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русите не сакаат да го продадат својот удел во НИС. Не станува збор за пари, туку за политика“, рече Вучиќ на прес-конференција по состанокот со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата.

Тој изјави дека нема индикации дека САД ќе ја продолжат лиценцата на НИС и дека денес министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ ќе го информира НИС за тоа и дека е дадена дозвола рафинеријата на НИС во Панчево да престане со работа.

„НИС ќе одлучи дали рафинеријата ќе престане со работа денес или во наредните денови“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека е 54-ти ден откако се воведени санкциите врз НИС и дека нема проблеми во снабдувањето со гориво, што покажува колку е сериозна државата и колку пари се инвестирани во резерви на нафта и нафтени производи.

„На состанокот со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата присуствуваа и премиерот Ѓуро Мацут, министерот за финансии Синиша Мали, министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министерот за одбрана Братислав Гашиќ, претставници на енергетскиот сектор, гувернерката на НБС Јоргованка Табаковиќ, началникот на Генералштабот на српските вооружени сили Милан Мојсиловиќ и претставници на други државни институции и компании.

Вучиќ исто така најави дека Србија ќе преговара со други добавувачи за купување гас, доколку до петок не се постигне договор со Русите.

„Немаме договор за гас, ако до петок не добиеме договор, ќе започнеме преговори со друга страна и ќе го набавиме“, рече Вучиќ.

Долгорочниот договор за снабдување со гас што Србија го има со Русија истекува на крајот од оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ