„Вашите најблиски ќе можат да ве видат за 45 дена кога, по оние што го славеа прогонот и смртта на српскиот народ, ќе го славиме само нашето единство, а не несреќата на некои други“, рече Вучиќ на церемонијата во касарната на Српската војска во Бањица.
„Но, ќе покажеме и“, додаде тој, „колку сме подобро опремени, колку сме поподготвени денес да ја зачуваме нашата татковина отколку што бевме пред 26 години“.
Вучиќ претходно најави воена парада во Србија за септември каква што никогаш не се одржала во регионот, со прикажување на најновото оружје што јавноста никогаш порано не го видела.






