понеделник, 22 декември 2025

Вучиќ: Ја замолив ЕУ да ја ослободи Србија од царините за челик

По средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека членството во Европската Унија е стратешка определба и приоритет на српската надворешна политика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа сигурно нема да се промени до следните избори, а верувам дури и после тоа“, нагласи Вучиќ.

Тој потсети дека од почетокот на војната во Украина, Србија не отворила ниту едно преговарачко поглавје со ЕУ, ниту кластер, иако, според него, некои работи добро се направени.

„Ми се чини дека барем во последно време направивме некои работи. Сè уште имаме многу да направиме, но исто така мора да разговараме тука во земјата за насоките на нашата политика. Според тоа, верувам дека она што е направено во врска со регулаторната агенција, избирачките списоци и некои други работи поврзани со клучните енергетски прашања ќе биде позитивно оценето од Европската комисија“, рече Вучиќ.

Како што рече, изјавите дека Србија ќе се приклучи во ЕУ до 2025 година биле давани во периодот кога некои други луѓе биле на чело на ЕК, но се покажа дека никој не го сфатил тоа сериозно, а и самата Србија не била подготвена.

„Ќе се обидеме да го исполниме она што се нарекува реформска агенда и се надевам дека ќе ја имаме поддршката од Европската Унија за сето ова и дека ќе бидеме слушнати во Брисел. Не е тоа секогаш едноставно и не е сосема лесно целосно да се презентира на луѓето тука“, рече тој.

Претседателот нагласи дека постојат две клучни прашања за Србија, без да прецизира што точно мисли и истакна дека темата не мора да се отвори денес.

„Знаете кои се двете клучни прашања за нас. Не мора да ја отвораме оваа тема денес, но ќе мора да ја отвориме меѓу нас во наредните месеци“, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија се соочува со „непријатна“ ситуација во енергетскиот сектор и дека санкциите на САД врз НИС значат дека компанијата де факто е и под европски санкции.

„Се надевам дека ќе ја имаме поддршката од ЕУ за сите прашања од значење за енергетската стабилност“, рече Вучиќ.

Тој исто така зборуваше за европските квоти и царини за челик и откри дека вчера доставил писмо до претседателката на ЕК, Фон дер Лаен, во кое барал да се олесни ситуацијата за Србија кога станува збор за челикот.

„Знам дека ЕУ не може да ја изземе Србија, иако синоќа доставив писмо со молба Србија да биде изземена од царини за челик, но исто така побарав и верувам дека Европската комисија ќе најде начин на земјите-кандидатки барем за малку да им го олесни статусот и да ги олесни работите по ова прашање“, рече тој.

Вучиќ нагласи дека зимата нема да биде едноставна и лесна, додавајќи дека во зависност од тоа како ќе одат работите, „ќе биде тешка политичка зима за нас“.

„Исто така, ќе соработуваме тесно и верувам успешно со луѓе од Европската Унија по ова прашање“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ