понеделник, 26 јануари 2026

Вучиќ: Избори помеѓу октомври и декември, ќе ја поканам и опозицијата на разговор, но нема да прифати

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е „реално“ да се очекуваат избори помеѓу октомври и декември и не ја исклучи можноста да има и претседателски избори заедно со предвремените парламентарни избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да го скратам мандатот, или ќе поднесам оставка или не, и тоа е тоа“, изјави Вучиќ за ТВ Блиц, посочувајќи дека во моментов првенствено се бави со вчерашната владина седница.

Тој исто така изјави дека ќе ги покани коалициските партнери, како и опозицијата, да разговараат за сите важни теми, бидејќи, како што изјави, проблемите во нормалните земји се решаваат преку дијалог.

„Прво, ќе ги поканам коалициските партнери поради некои несогласувања што тука постојат“, рече Вучиќ.

Потоа изјави тој дека ќе ја покани парламентарната опозиција, иако е убеден дека нема да одговорат, истакнувајќи дека веќе ги поканил на разговор „безброј“ пати.

Како што додаде, опозицијата не прифаќа дијалог затоа што „немаат идеи и не можат да победат, би морале да објаснат многу, како на пример зошто лажеа за звучниот топ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ