недела, 14 декември 2025

Вучиќ: Белград не ја прифаќа одлуката на судот на БиХ за осудата на Додик – ја осудуваме најостро, тој нема да биде уапсен во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по вонредната седница на Советот за национална безбедност, изјави дека Србија не ја прифаќа одлуката на судот во БиХ, со која претседателот на Република Српска беше правосилно осуден на затвор од една година и шестгодишна забрана за вршење политичка функција, поради непочитување на одлуките на високиот претставник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ нагласи дека ова е најтешката ситуација за Србија од 2008 година, „прашањето е каде и како ќе заврши сето ова“.

„Оваа одлука е сè освен демократска, спротивна на општите правни принципи, насочена против РС и српскиот народ како целина“, рече Вучиќ.

На прашањето дали Додик ќе биде уапсен доколку биде издадена потерница во случај тој да се наоѓа во Србија, тој нагласи дека нема да биде.

„Сите надлежни државни органи се должни да ја почитуваат одлуката на Советот за национална безбедност. Милорад Додик е добредојден на територијата на Република Србија. Тој е претседател на Република Српска, легитимно и легално избран. А тоа што некои сега го прават херој, малку сум и љубоморен на Милорад, да бидам искрен“, рече Вучиќ.

Тој ги прочита заклучоците од седницата во кои второстепената одлука на судот во БиХ е остро осудена, како недемократска, антицивилизациска и неморална.

Тој оцени дека се работи за сериозен удар врз српскиот народ во БиХ.

Тој исто така смета дека безбедносната и политичката ситуација во регионот е сериозно поткопана, „со тенденција за понатамошно влошување и предизвикување меѓуетнички конфликти директно насочени против српскиот народ“, повикувајќи ги сите актери на смиреност.

Тој нагласи дека Србија ќе продолжи да инсистира на почитување на Дејтонскиот договор и зачувување на РС според истиот.

Тој ќе ги употреби сите дипломатски, правни и политички средства за да ѝ даде поддршка на РС, како и да се спротивстави на унитаризацијата на БиХ, и ќе се залага за зачувување на територијалниот интегритет на БиХ, како и територијалниот интегритет на РС, додаде тој.

„Стабилноста на регионот е од витален интерес на Србија“, рече тој.

Тој исто така рече дека разговарал со двајца светски лидери кои го предупредиле за тоа какво треба да биде однесувањето на Србија по пресудата за Додик.

„Им кажав дека добро разбирам што мислат, но Србија е суверена држава и донесува одлуки соодветно“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ