понеделник, 30 март 2026

Вучиќ за дронот во Загреб: Хрватска има извонредна војска, но слаба противвоздушна одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ повтори дека верува дека Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на српската војска би го собориле тоа летало.

„Некои немаат со што да ја соборат, ние имаме. Имаме ракети воздух-воздух, но и воздух-земја ракети за МиГ-29 авионите. Секој ден и секоја вечер имаме „ер полисинг“ (контрола на воздушниот простор) на нашето небо. Не смее да се пушти што било што на кој било начин може да ги загрози нашите граѓани“, кажа српскиот претседател.

Потоа истакна дека Хрватска има извонредна копнена војска: „Во оклопни возила се многу подобри од нас, но во моментов се послаби од Србија во военото воздухопловство и противвоздушната одбрана, затоа си купија 12 фантастични авиони „рафал““, кажа Вучиќ, додавајќи дека „рафалите“ веднаш ќе ги уриваат овие летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ