Тоа, според британската новинска агенција, експертите го гледаат како „најновиот знак дека Белград се дистанцира од традиционалниот снабдувач со оружје и сојузник Русија“.
„Преговаравме една година за ова купување 12 нови авиони, а планираме да купиме уште 12 користени авиони од друга земја“, кажа Вучиќ.
Србија и Десо авијасион, француската компанија за производство на воени и деловни авиони, разговарале за купопродажба на 12 авиони, објави француски Трбјун викли минатата недела.
Ројтерс потсетува дека пред три години Србија купи „мистрал“, француски систем земја-воздух, а во 2016 година купи хеликоптери од Ербас.
„Заинтересирани сме за набавка на „рафали“, го бараме најдобриот начин да ги купиме, а да не ги загрозиме нашите јавни финансии“, додаде Вучиќ.
Претседателот на Србија истакна дека Белград исто така размислува за купување дополнителни авиони за да ги замени леталата од времето на поранешна Југославија.






