вторник, 31 март 2026

Вучиќ: Србија нема да влезе во НАТО бидејќи има способна армија и нема да го заборави бомбардирањето

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ ова го порача на предизборен митинг во Бусије, предградието на Белград во кое главно живеат Срби избегани од Српска Краина во Хрватска, по офанзивата на хрватските војска и полиција во 90-тите.

„Некои велат дека треба да влеземе во НАТО, а јас велам дека имаме убава земја, најубава во светот, и затоа треба да останеме самостојни, да си го браниме небото и да си ја браниме слободата. Затоа нашата армија е најсилна“, кажа Вучиќ, а пренесуваат српските медиуми.

„Што се однесува до НАТО, соработката е секогаш добра, но ние не можеме да заборавиме“, кажа српскиот претседател. Тој потоа ги кажа имињата на сите српски деца убиени за време на НАТО бомбардирањето на Србија.

Белград е под постојан притисок од Европската Унија да ги „хармонизира“ позициите за Украина со економскиот блок. Иако ЕУ го затвори воздушниот простор за руските авиони, Србија продолжува да одржува авионски линии со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ