Вучиќ кажа дека во 2020 во Белата куќа одбил меѓусебно признавање со Косово.
„Да не ви кажувам колку е тоа тешко“, кажа српскиот претседател.
„Имаме сè повеќе претставници од Габриел Ескобар и Стјуарт Пич, па сега до германскиот претставник. Тие сите испраќаат претставници, но не сакаат Русија да се вмеша во преговорите. Сепак, не заборавајте дека јас одбив меѓусебно признавање среде Вашингтон, а Американците беа фер домаќини. Таму беше најтешко, среде САД да се одбие признавање. Имавме притисоци и во Брисел да дозволиме влез на Косово во Обединетите нации. Само да знаете со какви притисоци се соочуваме да го признаеме Косово“, кажа Вучиќ.
„Очекувам некому да му падне на памет Косово да го уфрли во НАТО и со тоа да ги натераат преостанатите четири земји од ЕУ да ја признаат независноста“, кажа тој.






