„Јасно е дека Шпанија нема да ја признае независноста на Косово, останува на својот став, ги почитува интегритетот и суверенитетот на Србија“, кажа Вучиќ.
„Му се заблагодарив на отворањето на четвртиот кластер со ЕУ. Ние ќе продолжиме да ги јакнеме нашите односи. Верувам дека во текот на оваа година ќе имаме прилика да му бидеме домаќини на шпанскиот крал, што никогаш не се случило“, кажа Вучиќ.
„Србија добро се сеќава на 1999 година кога оние на кои денес устите им се полни со почитување на правото тогаш не размислуваа така во 1999 кога стануваше збор за нашата земја“, истакна Вучиќ.






