сабота, 3 јануари 2026

Вучиќ: Од ЕУ ми праќаат писма што и како треба да правам, притискаат и се закануваат

Објавено на

часот

Сподели

„Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена“, рече Вучиќ на прес-конференција во Белград.

Осврнувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент со која се повикуваат новоизбраните власти во Србија да воведат санкции кон Русија, Вучиќ рече: „Блазе ним ако немаат попаметна работа од испраќање писма до Србија за тоа што и како треба да прави, со некакви притисоци и закани“.

„Ние нив многу ги почитуваме, тие ни се исклучително важни, но не лутете се, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент“, рече тој.

Доколку биде усвоена резолуцијата на Европскиот парламент, претседателот на Србија, одговарајќи на прашање на новинарот на Н1, рече дека ќе ја земе предвид, но дека ќе се води од интересите на државата.

„Вас од Н1 кога ве слушам, мене 700 пати ми дојдоа разни ултиматуми во последните седум години и секој пат се чудите како ги преживуваме тие ултиматуми. Слободниот човек и слободната земја не одлучуваат според ултиматумите и моќта што некој ја претставува, туку според она што го штити, а ние ја штитиме нашата земја и нашите граѓани“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ