понеделник, 8 декември 2025

Вучиќ: Очекувам владата да раскине сè со Рио Тинто

Објавено на

часот

Сподели

„Разговарав за тоа со претседателката на владата неколку пати. Нема да влегувам во политички расправи. Мачно ми е да им одговарам на луѓето кои го донесоа Рио Тинто. Некој го донел законот за рударство во 2006 година кој е правен за Рио Тинто, поради што тие имаат одредени права и побарувања кон Србија“, истакна Вучич.

Наведе дека мора да се носат рационални одлуки.

„Расположението е такво што во владата би раскинале сè, со тоа да ѝ покажеме на Србија колку таа неодговорност од претходно нè чини. Јас кажав дека немаме право тоа да го правиме бидејќи ние треба да ги обезбедиме тие пари и не треба да му се умилкуваме на народот“, истакна.

Додаде дека би требало да се спроведе британска и американска арбитража ако решат да ги раскинат договорите.

„Мислите дека не ми е најлесно да кажам дека сум согласен со владата? Јас мислам дека владата таа одлука ќе ја донесе. Мислам дека би требало да се донесе мораториум до крајот на годината за да не изгубиме огромна шанса и пари“, додаде српскиот претседател.

„Мислам дека на некои луѓе нелегално им давале пари. Немам докази, и не може тоа да се истражи по 15 години. Парите ги добиле за промена на законот за рударство. За тоа немам докази, но постои оправдан сомнеж, му ги дале некому правата за истражување за џабе. Избришана е од законот одредбата за јавна аукција за правата“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ