понеделник, 22 декември 2025

Вучиќ: Логично е Западот да бара усогласување на надворешната политика од Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно го изнесе тој став – тоа го изнесува секој претставник на Европската Унија и западниот свет. Не мислете дека тоа некој ќе го скокне. Тоа е логично однесување“, кажа Вучиќ.

Тој на новинарските прашања кажа дека луѓето се интересираат за „такви теми“ – односот Србија-ЕУ, наместо „да ја споделат радоста со нас кога отвораме некој погон, или ставаме темели, бидејќи тоа ѝ носи леб на Србија“.

„Поради тие работи сум среќен, а сите тие политики, да бидам искрен, од тоа ме боли главата и ќе продолжи да ме боли. Тоа не ми е проблем, но не мора да ги боли сите граѓани на Србија, нека им се радуваат на новите инвестиции“, кажа Вучиќ.

Тој кажа дека очекува наскоро да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон „што е особено важно по неговиот реизбор и мојата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ