„Србија секогаш го поддржувала интегритетот на Украина и тука немало промени“, додаде Вучиќ.
Тој ова го изјави реагирајќи на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија Олександар Александрович претходно денес дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди потегот на Русија за признавање на независноста на Доњецк и Луганск на истокот на Украина.
Акцијата на НАТО против Србија почна по неуспешните преговори за решавање на кризата на Косово, водени во Рамбуе и Париз во февруари и март 1999 година.
Акцијата беше наводно почната за спречување на егзодус на албанското население на Косово и Метохија пред наводниот терор на српските воени и полициски сили.
Вучиќ кажа дека воената неутралност е трајна определба на Србија без оглед на притисоците кои во моментов доаѓаат.
„Нашата воена политика е дека сме воено неутрални, а нашата политика е дека сме на европскиот пат, ја продолжуваме соработката со Русија и Кина, нема да се откажеме од нашите традиционални пријатели, тоа е трајна политика на Србија и таа мора да остане таква“, кажа српскиот претседател.
Тој истакна дека целата ситуација околу Украина покажува колку е важно да се биде воено неутрален и потсети дека украинските власти изјавуваат дека земјата е на пат на влегување во НАТО.
„Затоа е важно да бидете доволно силни и да не зависите од никого“, кажа Вучиќ.
Додаде дека Србија ќе има проблем ако рускиот гас во Европа биде 2.000 долари за 1.000 метри кубни, како што денес на Твитер најави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, но дека Србија секако ќе помине подобро од другите и дека се надева на поволни цени во договор со Русија.
[video:https://youtu.be/Dxr6Gjp6ztI autoplay:0]





