недела, 21 декември 2025

Вучиќ итно го свика Советот за безбедност: „Ова нема да ви помине“

Објавено на

часот

Сподели

„За нас ситуацијата е многу сложена и тешка, утре ќе биде уште потешко бидејќи вечерва е потврдено дека Косово ќе поднесе барање за членство во Советот на Европа“, кажа Вучиќ.

„Тоа ни носи дополнителни турбуленции бидејќи ја користат украинската ситуација против Србија и добиваат многу повеќе, зборувајќи дека сме на страната на Русија, а се претставуваат како големи борци против рускиот фашизам. Ќе закажам седница на Советот за безбедност во следните 36 часа и ќе почнеме политички да реагираме. Нема да оди тоа толку лесно колку што ste замислиле..Ова нема да ви помине “, кажа Вучиќ.

Тој наведе дека Србија „никој нема да може да ја разбие со уцени и притисоци“. Додаде дека има многу дилеми и прашања, како и дека се очекува големиот самит кој Французите ќе го организираат на 23 јуни.

„Ќе биде многу интересно. Што се однесува до нас, ситуацијата не е едноставна, но немаме каде, не можеме да излеземе од својата кожа. Мораме да носиме рационални одлуки. Сега во светот има апсолутна хистерија и не е добро да се истакнуваме. Нашата земја не е голема, но се надевам дека ќе успееме да го однесеме нашиот брод во помирни води“, кажа Вучиќ.

„Тогаш сите проблеми со кои се сретнуваме ќе можеме да ги решиме во отворен разговор со нашите европски партнери, да можеме колку толку да инсистираме на разбирање на позицијата на Србија“, кажа српскиот претседател.

Додаде дека ситуацијата е „тешка, сложена и комплицирана“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ