„Тоа ќе биде завршено до Нова година и тогаш ќе го испратиме до целиот свет, да се види како се спроведува таквиот вид мешање во процесите кои суверено ѝ припаѓаат на една независна земја“, им кажа Вучиќ на новинарите. „Кога станува збор за градските избори, веројатно повторно ќе одиме на гласање, додека парламентот многу брзо ќе биде конструиран“, истакна српскиот претседател.
Кажа дека изборите во неделата биле најчисти и најчесни досега и дека никогаш не добил повеќе честитки од странство. На опозицијата ѝ порача да се прибере и да се подготви за важните локални избори на пролет.
„Јас го почитувам секој глас, речиси 900 илјади гласови за поранешниот режим, но и 1,8 милиони гласови кои ги добивме ние. Изборната волја на народот ќе биде испочитувана“, кажа Вучиќ.
Тој кажа дека опозицијата се однесува како дете кое си игра па бара нови белградски избори, па сите избори повторно.






