„Се сретнав со него кога беше градоначалник на Хамбург, затоа неговата изјава дека „НАТО интервенирало во 1999 година за да спречи геноцид на Косово“ ме изненади“, кажа Вучиќ и додаде дека не сака со некоја тешка изјава да ги влоши односите со Германија.
Според него, Шолц кажал дека се обидувале да спречат геноцид на Косово со бомбардирањето, а тој геноцид никогаш не се случил.
„Меркел би ви кажала дека се обидувале да спречат хуманитарна катастрофа, никогаш не би го кажала тоа. А сега кога Путин ги користи сите нивни слабости и аргументи кои ги користеле нив тоа ги боли, а кога (американската потпретседателка) Камала Харис вели „не ги чепкајте националните граници“, тогаш сите сакаат да ја заборават Србија. Сите сакаат да заборават како на Србите им земаа територии и ги менуваа границите на Србија“.
„Еднаш убаво кажете ја направивме најголемата грешка, се извинуваме за злосторствата кои ги извршивме, само не ни ја навредувајте интелигенцијата“, додаде Вучиќ.
„Зарем заборавивте што правевте во Србија пред 23 години?“, праша српскиот претседател.
[video:https://youtu.be/QdvonwGRp3E autoplay:0]„Србија ќе ги почитува границите на Украина, мене никој ништо не ми барал. Нашиот став се заснова на почитување на меѓународното јавно право. Мислам дека се повикани луѓето да ја напуштат Украина, но се надевам дека ништо нема да се случи“, кажа Вучиќ за ситуацијата во Украина.
Тој кажа дека од Русија ќе побара дополнителни информации за регрутирањето на Албанци од Косово и Метохија за да војуваат против Русите во Донбас.
„Лавров изнесува само добро проверени информации. Шефот на сите служби на Русија (Николај) Патрушев во следните неколку дена ќе дојде во Србија“, кажа Вучиќ.






