вторник, 31 март 2026

Вучиќ: Да ни се случеше нам она во Загреб, ние дронот ќе го соборевме за пет минути

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ кажа дека претстои тешко време и дека очекува притисоци и од запад и од исток, но, кажа дека е најважно да се сочува мирот по секоја цена.

„Да се тргнеме од патот кога големите се судираат, да ја сочуваме нашата Србија, да не бидеме секогаш првата жртва, затоа ни е потребна многу поголема одговорност и сериозност“, кажа Вучиќ.

Додаде дека Србија не треба да биде дел од НАТО и дека самата треба да го чува своето небо.

„Јас се надевам и добив уверувања од воениот врв дека нам би ни биле потребни пет минути за да го собориме леталото и дека нам не би ни се случило тоа што му се случи на Загреб, бидејќи денес имаме со што. Имаме војска за разлика од периодот пред 15 години. Тоа е голема промена и на тоа сум горд“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ