вторник, 31 март 2026

Вучиќ: Ако нашата влада ѝ се обратеше на косовската, тоа ќе беше фактичко признавање

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ денес кажа дека српската страна прифатила „офицер за врска да ѝ се обраќа на владата на Косово, но не сакавме српската влада да ѝ се обраќа на владата на Косово, бидејќи тоа ќе значење де факто признавање“ на Косово.

„Не станува збор само за гласањето на 3 април, намерата беше да се понижат Србите. Прагматична е одлуката на Курти да се намалат моите гласови и на листата која ја предводам. Загрижувачко е тоа што во светот се спремни да ја премолчат не само неконструктивноста, туку и намерата на Курти да предизвикува нестабилност и проблеми во регионот“, кажа српскиот претседател.

Тој кажа и дека поради таквата ситуација вчера ги откажал предизборните собири бидејќи „би било бесмислено обврските на претседателот да ги подреди на партиските обврски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ