среда, 1 април 2026

ВСЏ: Тајна посета на ЦИА во Украина го уништи планот на Путин и го спаси Киев

Објавено на

часот

Сподели

Американски Волстрит џурнал објави статија за ситуацијата во Русија и Украина и развојот на ситуацијата пред инвазијата. Се наведува дека, меѓу другото, директорот на ЦИА Вилијам Барнс тајно отпатувал во Киев непосредно пред руската инвазија и им открил на украинските власти што планира Путин.

Шефот на американските шпиони бил поврзан со Путин преку безбеден телефон во Кремљ. Рускио претседател бил во црноморското одморалиште Сочи, изолиран од сите, освен неколкумина најдоверливи. Рускиот лидер не се ни потрудил да го негира обвинението на Барнс. Наместо тоа, смирено изрецитирал листа на поплаки за тоа како САД со години ги игнорирале руските безбедносни грижи.

По враќањето во Вашингтон, Барнс му рекол на Бајден дека Путин не донел конечна одлука, но дека постои голема можност да нападне.

Примарниот план за напад бил од Белорусија и брзо заземање на аеродромот Гостомел во близина на Киев. Русите се обидоа да го направат токму тоа, па веднаш по почетокот на инвазијата почнаа да се појавуваат вести за борби на специјалците и украинските сили во областа околу аеродромот.

Но, бидејќи Украинците го очекувале нападот, Русите не беа успешни во својот план и тоа е една од причините за неуспешниот првичен план на Русите брзо да влезат во Киев, да ја соборат владата и да постават свој режим, вели Волстрит џурнал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ