понеделник, 8 декември 2025

Врховниот суд го блокираше планот на Бајден за задолжителна вакцинација или тестирање

Објавено на

часот

Сподели

Судот пресуди откако ги сослуша минатиот петок усните аргументи во правната битка за привремените наредби издадени од две сојузни агенции во ноември за зголемување на стапката на вакцинираност на работните места во големите компании, кои опфаќаат 80 милиони американски работници и сојузните здравствени установи.

Судот, кој има конзервативно мнозинство, беше поделен и во двата случаи. Во првиот случај, шест судии гласаа за блокирање на наредбата за задолжителна вакцинација или тестирања на работното место, а во вториот случај, пет судии ја поддржаа обврската за здравствените работници, додека четворица беа против.

На либералното мнозинство во вториот случај му се придружија двајцата конзервативни судии, Џон Робертс и Брет Кавано. Обврската се однесува на 10,3 милиони работници во 76.000 сојузни здравствени установи.

Претседателот Бајден во септември ги претстави регулативите за зголемување на стапките на вакцинација за возрасни како начин за борба против пандемијата, која уби повеќе од 845.000 Американци и ја оптовари економијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ