недела, 7 декември 2025

Воздушниот простор над Молдавија привремено затворен поради два дрона (ФОТО)

Поради два дрона што нелегално прелетаа синоќа над северна Молдавија, целиот воздушен простор на земјата беше привремено затворен синоќа, околу еден часот по полноќ беше повторно отворен, освен над северниот регион, соопштија властите на земјата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од властите, два дрона, кои не биле откриени на радар, го преминале молдавскиот воздушен простор кон регионот на левиот брег на Дњестар, пренесе молдавскиот портал Њузмејкер.

Украинските гранични власти ја известија молдавската гранична полиција дека се забележани дронови кои поминуваат преку државната граница од едната кон другата страна.

Областа каде што е пријавено дека поминале дронови се проверува, но досега не се идентификувани објекти што претставуваат ризик за безбедноста на граѓаните, соопштија властите на Молдавија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ