сабота, 20 декември 2025

Воз удри во стадо слонови во Индија, убивајќи седум од нив (ВИДЕО)

Седум слонови угинаа, а еден е повреден кога воз што се движеше кон Делхи удри во стадо во североисточна Индија рано утрово, изјави началникот на окружната полиција В.В. Ракеш Реди.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот во округот Хоџаи во државата Асам се случил во област што не е означена како коридор за слонови, соопшти Североисточната гранична железница.

Машиновозачот ја активирал сопирачката за итни случаи кога го видел стадото, но слоновите се затрчале кон возот, соопшти компанијата.

Судирот со слоновите во 2:17 часот наутро ги исфрли локомотивата и пет вагони од шините, но никој од луѓето не е повреден, соопшти железницата.

„Возовите што требаше да поминат низ областа се пренасочуваат кон друга линија. Во тек е работа за враќање на сообраќајот“, соопшти железницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ