сабота, 6 декември 2025

Воз уби 11 железнички работници во Кина

Воз налета на група железнички работници во југозападниот кинески град Кунминг, при што загинаа 11, а двајца беа повредени, соопштија официјални лица, во најлошата железничка несреќа во Кина по повеќе од една деценија.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Возот, кој тестирал опрема за детекција на земјотреси, удрил во група работници на закривен дел од пругата на градската железничка станица Луојанг Таун.

Станицата во покраината Јунан продолжи со нормално работење и несреќата е под истрага, соопштија официјални лица.

Кинеската железничка мрежа е најголема во светот. Долга е повеќе од 160.000 км и годишно со неа се реализираат милијарди патувања.

Иако железничката мрежа е пофалена и позната по својата ефикасност, таа го привлече вниманието на јавноста по неколку инциденти, вклучувајќи еден во 2011 година во источната покраина Џеџијанг во кој загинаа 40 лица, а 200 беа повредени.

Девет лица загинаа во 2021 година кога воз во северозападната покраина Гансу налета на работници на дел од железничката пруга Ланџоу-Синџијанг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ