понеделник, 30 март 2026

Воведена нова кризна телефонска линија меѓу САД и Русија

Објавено на

часот

Сподели

САД немаат војници во Украина, но исто како НАТО сојузниците во Европа се загрижени поради можното ширење на конфликтот на други земји, вклучувајќи и несреќен случај.

Вашингтон и сојузниците ѝ испраќаат на Украина оружје вредно милиони долари и покрај тоа што Москва постојано предупредува да не се мешаат странски сили.

„Министерството за одбрана воспостави директна телефонска линија со руското министерство за одбрана на 1 март со цел спречување погрешни проценки, воени инциденти и ескалации“, кажа висок американски воен функционер, кој сакал да остане анонимен, потврдувајќи ја информацијата објавена од повеќе западни медиуми.

Американската војска имаше успешни кризни линии со Русија и претходно, вклучувајќи и за време на војната во Сирија, каде Москва интервенираше на страната на претседателот Башар ал Асад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ