недела, 14 декември 2025

Вовче во забавен парк во Велика Британија излета од шините, тринаесет деца повредени (ВИДЕО)

Голем број деца се повредени откако вовче излетало од шините во крајбрежен забавен парк во Велика Британија. Службите за итни случаи биле повикани во забавниот парк „Кони Бич“ во Порткоул, Велс, вчера вечер, откако сведоци пријавија дека атракцијата „Ваки Ворм“ излетал од шините кратко пред 18 часот, објави британскиот таблоид „Сан“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата на Јужен Велс, 13 деца и еден возрасен се повредени, а на некои им била потребна медицинска помош.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат возрасни како им помагаат на децата да излезат од возилото. Сведоците велат дека некои деца биле крвави по несреќата. Еден од вагоните наводно останал да виси во воздух, надвор од шините.

„Бевме повикани во забавниот парк „Кони Бич“ во Порткоул околу 17:50 часот по несреќа на едно од возилата. Моментално можеме да потврдиме дека 13 деца и еден возрасен претрпеа полесни повреди. На некои им е потребна болничка нега. Забавниот парк ќе остане затворен утре додека полицијата и инспекторите за здравје и безбедност спроведуваат истрага“, соопшти полицијата.

„Поради инцидентот со возилото кое не е во наша сопственост, полицијата ни наложи да го испразниме паркот за понатамошна истрага. Се извинуваме за евентуалните непријатности и ќе им ги вратиме парите на посетителите што е можно поскоро. Упатствата за враќање на парите ќе бидат издадени наскоро. Ви благодариме за разбирањето“, соопштија од паркот „Кони Бич“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ