понеделник, 22 декември 2025

Војна на улиците на Рио, 64 мртви (ВИДЕО)

Најмалку 64 лица, вклучувајќи четворица полицајци, загинаа во престрелки меѓу полицијата и локална банда во Рио де Жанеиро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според порталот Глобо, 81 лице е приведено како дел од голема специјална операција во фавелите во северниот дел од Рио де Жанеиро, по што во вторникот дојде до престрелки.

Членовите на бандата одговорија на пристигнувањето на полицијата со оган од огнено оружје, со палење барикади, а исто така лансирале и беспилотни летала што носеле бомби кон полициските сили.

Полицијата спроведува операција против бандата „Црвена команда“, а во операциите се вклучени 2.500 полицајци.

Ова е една од најстарите и најнасилните банди во Рио, која контролира неколку населби на северот од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ