понеделник, 30 март 2026

Во Украина загинаа 498 руски војници, а ранети се 1.597, соопшти Министерството за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Околу 498 руски војници загинаа, а речиси 1.600 се ранети за време на тековниот напад врз Украина, соопшти денеска руската војска.

Министерството за одбрана ги отфрли информациите дека имало „безброј“ жртви, означувајќи ги тврдењата како намерна дезинформација што потекнува од противникот.

Според процените на руската војска, единиците на украинската армија и „екстремно десничарските паравојски“ наводно загубиле најмалку 2.870 војници, додека уште 3.700 добиле различни рани. Околу 572 украински војници се заробени, додаде Министерството.

Руските единици вклучени во офанзивата се составени само од професионални војници, соопшти војската, отфрлајќи ги наводите дека напаѓачките сили главно се состоеле од „регрути“.

Официјалните податоци за жртви објавени од Москва драстично се разликуваат од тврдењата на Киев, кој вели дека повеќе од 5.800 руски војници загинале од почетокот на инвазијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ