Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, најмногу во последните 20 години, откако на почетокот на годината поскапеа струјата, гасот и патарините.
„Струјата е човечко право. Мора да биде по достапна цена“, кажа лидерот на Републиканската народна партија (ЦХП) Али Хикмет Акили во Анкара.
Претставниците на ЦХП ќе се придружат на протестите додека владата не ги повлече „највисоките цени на струјата во историјата на Републиката“, кажа лидерот на партијата во Истанбул Џенан Кафтанчоглу.
Еден локален претприемач во квартот Силтанбејли кажал дека сметките за струја и гас му се речиси три пати поголеми од киријата за дуќанот.
„Економската и енергетската депресија ги осуди нашите граѓани на сиромаштија, мрак и смрзнување“, кажа Кафтанчоглу.
Владата разгледува како ќе го реши проблемот со порастот на цената на струјата, по барањата на работодавачите и невладините организации, кажа денес министерот за енергетика Фатих Донмез.






