Двете деца кои загинале биле на возраст под пет години, соопштија локалните власти од округот Медисон, кој беше погоден од торнадото.
„Мислам дека ова е најлошото што сме го виделе во подолго време“, додаваат тие.
Life changes in an instant. We just took a direct hit from a tornado. pic.twitter.com/rmRub05b1Y
— XRPme (@theXRPfarmer) March 6, 2022
Торнадото било со јачина ЕФ3 со ветрови од најмалку 220 километри на час.
Се проценува дека е причинета сериозна штета на повеќе од дваесет куќи.
Гувернерката на Ајова Ким Рејнолдс прогласи состојба на катастрофа во округот Медисон, велејќи дека таа и нејзиниот сопруг се молат за загинатите и повредените во торнадото.
„Срцата нè болат во ова време, но знам дека граѓаните ќе се здружат да помогнат во овој момент, што веќе го направија“, рече таа.






