Асад, на кого ова му е второ патување во Техеран од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011, се сретна и со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
„Денешна Сирија не е она што беше пред војната, иако тогаш немаше разурнување, но почитта и престижот на Сирија се поголеми од кога било, и денес сите ја гледаат оваа земја како сила“, му кажа Хамнеи на Асад.
Асад успеа да го сврти текот на граѓанската војна во Сирија, по протестите кои избија со американска поддршка во 2011, со клучна помош на иранските милиции и руската воена интервенција во 2015 година.
Асад кажа дека „стратегиските врски меѓу Иран и Сирија ја спречиле доминацијата на израелскиот ционистички режим во регионот“.
Израел, кој Иран не го признава како држава, често ги напаѓа, кажа Асад, иранските цели во Сирија. Иранскиот претседател Раиси за време на состанокот со Асад кажа дека приоритет на неговата влада е да ги зајакне стратегиските врски со Сирија.
Иранското економско влијание во Сирија во последните години порасна и ѝ дава кредити на владата на Сирија, а се склучуваат и големи деловни договори.






