среда, 10 декември 2025

Во Словенија самоизолацијата намалена од десет на 7 дена

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се однесува на повеќето случаи, под услов заболените да немале повишена температура или некој друг ковид симптом 24 часа пред истекот на самоизолацијата, а задолжително е и антигенско тестирање на седмиот ден во овластена здравствена установа.

Периодот на самоизолација е намален за сите луѓе заразени со коронавирусот, освен за пациентите со ослабен имунитетски систем или оние со потежок облик на ковид кој бара болничко лекување.

Доколку ковидот не помине до шестиот ден, односно пациентот има повишена температура, периодот на самоизолација ќе се продолжи.

Словенија денес забележа 8.396 нови случаи на коронавирусот, а близу шест отсто од популацијата имале ковид во претходните две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ