понеделник, 8 декември 2025

Во слабо вакцинираната Полска од ковид досега починале повеќе од 100.000 луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Полска минатата недела имаше еден од највисоките броеви на починати на милион жители во светот, со повеќе од 57 смртни случаи во споредба со околу 35 во САД или 37 во Русија.

„Денес е уште еден тажен ден, особено затоа што ја надминавме бројката од 100.000 смртни случаи од ковид“, рече министерот за здравство Адам Ниеџиелски, пренесува Ројтерс.

Во просек, 68,7% од населението во Европската унија е целосно вакцинирано, а во Полска 55,8%.

Скептицизмот кон вакцинацијата е особено изразен во Централна и Источна Европа, а некои експерти сметаат дека тоа се должи на децениското комунистичко владеење кое не успеа да го развие здравствениот систем и ја поткопа довербата на јавноста во државните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ