Би-би-си објави репортажа за млади луѓе кои по користењето на таа дрога извршиле самоубиство, се повредиле или повредиле други луѓе. Медицинските служби во главниот град Фритаун велат дека на централниот психијатриски оддел 90 отсто од пациентите таму завршиле поради користење на дрогата куш.
Бидејќи употребата на куш многу брзо се шири меѓу помладата популација, Би-би-си истражиле за каква дрога станува збор.
Куш, дрогата позната и како „спајс“ или зачин, се произведува од лисјата на билката која се прска со хемикалии. Корисниците тврдат дека ги „води на поубаво место“, но дрогата предизвикува силна зависност и поради неа се забележани многу смртни случаи.
Иша, која се почнала да се проституира за да заработи пари за купување куш, раскажала дека нејзината пријателка Фа умрела од користењето на дрогата.
Зависниците од куш често се проституираат, крадат или собираат предмети по ѓубриштата за да имаат доволно пари за дрога. За нив пушењето куш е начин на бегање од реалноста.
Полицијата упорно се обидува да ја сузбие продажбата на дрогата. Но шефот на специјалната криминална единица вели дека е тешко да се искорени дрогата бидејќи таа може да се направи од различни состојки.
Видеото содржи вознемирувачки сцени:
[video:https://youtu.be/u6MPV9zBXYg autoplay:0]





