среда, 17 декември 2025

Во Северна Кореја уште 50 починати од корона, мобилизирана е војската

Објавено на

часот

Сподели

Изолираната земја минатата недела за прв пат го призна избувнувањето на епидемијата на ковид-19, со што предизвика загриженост за голема криза поради недостатокот на вакцини и соодветна медицинска инфраструктура.

Државниот кризен стожер за превенција на епидемии пријави уште 269.510 лица со симптоми на вирусот, додека вкупниот број на смртни случаи од шест нови случаи се искачи на 56 во понеделникот вечерта, соопшти КЦНА. Не е наведено колку луѓе имале позитивен тест на коронавирус.

„Моќните сили“ на воениот медицински корпус веднаш беа распоредени за да го подобрат снабдувањето со лекови и медицински материјали во главниот град Пјонгјанг, епицентарот на епидемијата, по наредба на лидерот Ким Џонг Ун, пренесе КЦНА.

Мисијата на тимот е насочена кон „ублажување на јавната здравствена криза“ во Пјонгјанг, се додава.

Околу 11.000 здравствени работници, професори и студенти по медицина се приклучија на „интензивниот медицински преглед на сите жители“ ширум земјата за да се лоцираат и лекуваат лицата кои се разболеле.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вирусот може брзо да се шири во Северна Кореја, која нема програма за вакцинација и ја одби меѓународната помош.

Јужна Кореја ѝ понуди на Северна Кореја во понеделникот да разговара за испраќање медицински материјали, вклучувајќи вакцини, маски, тестови за коронавирус, но рече дека соседната земја тоа го одбила.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен за потенцијалното влијание на епидемијата врз граѓаните на Северна Кореја и го поддржа испраќањето вакцини во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ