Левченко е обвинет за поттикнување омраза или непријателство со закана со насилство поради објава на Инстаграм за руската војска, објави рускиот Истражен комитет.
„Во текот на истрагата беше утврдено дека на 24 февруари 2022 година, обвинетиот преку интернет на социјалната мрежа Инстаграм објавил видео со свое учество, кое според чинот на сеопфатно психолошко и лингвистичко истражување содржи знаци на поттикнување омраза и непријателство кон руските војници со закана за употреба на насилство и убиство. Видеото го погледнале неопределен број корисници на наведената социјална мрежа“, се вели во објавата на Истражниот комитет.
Одделот не го именуваше лицето вмешано во криминалниот случај, но извори од голем број новински агенции потврдија дека станува збор за Левченко, пренесува руски Инсајдер.
Уметникот, кој живее во Красногорск, беше приведен откако на својот инстаграм-профил ги осудил акциите на руската војска во Украина, вели Инсајдер.
Веднаш потоа се појави видео со негово извинување, во кое Левченко вели дека за војната зборувал „во состојба на екстремна интоксикација“.
Според обвинението за екстремизам, на Игор Левченко му се заканува затворска казна до 6 години.






