Полицијата трага по десетина осомничени за нападот, а мотивот за пукањето засега не е познат, се наведува во текстот.
Нападот се случил околу еден часот по полноќ во објект во Бекерсдал, населба југоисточно од Јоханесбург, при тоа се повредени уште 10 лица, се наведува во соопштението на полицијата на мрежата Икс, пренесува овој медиум.
„Според достапните информации, околу 12 непознати осомничени, кои возеле бело комбе и сребрена лимузина, отвориле оган кон гостите во таверна и продолжиле да пукаат додека бегале од местото на настанот“, соопшти Јужноафриканската полициска служба, повикувајќи ги сведоците да достават информации, пренесува Си-ен-ен.
Масовните пукотници се честа појава во Јужна Африка, која има најголема економија на континентот, но и една од највисоките стапки на убиства во светот.
[IN PICTURES]: A shooting in Bekkersdal, near Johannesburg, has left ten people dead and ten others wounded. South African police say unknown gunmen randomly targeted some victims. pic.twitter.com/APBnDTWBc5
— News Central TV (@NewsCentralTV) December 21, 2025
Бројот на убиства достигна максимум минатата година според статистиките во последните дваесет години. Според кварталната статистика за полициски криминал од 2024 година, во земјата просечно било убиено по едно лице на секои 20 минути.






