понеделник, 15 декември 2025

Во пожар во Турција загинаа најмалку 10 пожарникари и спасувачи (ВИДЕО)

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на итните служби и шумарски работници беа повредени додека се бореа со пожар во централната турска покраина Ескишехир, изјави синоќа турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите и спасувачите се бореа со пожар во областа Сејитгази од раните утрински часови. Седум пожари сè уште горат во пет централни и западни турски покраини, рече министерот.

Пожарникарите на Кипар, исто така, се бореа со огромен шумски пожар, што предизвика евакуација на најмалку четири села. Властите соопштија дека пожарот беснеел северно од Лимасол, со силни ветрови и високи температури. Портпаролот на пожарникарите изјави дека пожарот предизвикал значителна штета на домовите во областа позната по своите лозја.

Кипар побара помош од ЕУ, а помош ќе му обезбеди и Јордан. Температурите на Кипар вчера достигнаа 43 степени Целзиусови. Денес треба да се искачат на 44 степени, највисоки оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ