недела, 28 декември 2025

Во Париз приведени 40 лица поради непријавен огномет кај Ајфеловата кула (ВИДЕО)

Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро на својата веб-страница.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Париската полициска префектура соопшти дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.

Се додава дека е отворена истрага и се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Пари сен Жермен (ПСЖ).

Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември инфлуенсерот Лорис Џулијано организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на својот документарен филм.

Тогаш беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.

На социјалните мрежи кружат фотографии и видеа од двата ненајавени огномети во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ