сабота, 13 декември 2025

Во Париз и денеска има многу полиција, вчера беа уапсени речиси стотина демонстранти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Париската полиција во твит напиша дека денеска е распоредена за да ги спречи демонстрантите од цела Франција да го блокираат градот со својата операција наречена „Конвој на слободата“, која е забранета. Од петокот до понеделникот мобилизирани се околу 7.500 полицајци.

Вчера, демонстрантите против ковид-пропусниците, но и против претседателот Емануел Макрон, не успеаја да ја блокираат француската престолнина како што првично сакаа. Полицијата уапси 97 лица и казни 513, според официјалниот извештај.

Синоќа полицијата особено интервенирала во Шанзелизе и во Булоњ, западно од Париз, за да ги растераат последните демонстранти, соопшти полицијата. На попладневните часови повеќе од стотина возила успеале да стигнат до Елисејските полиња, но полицијата постепено ги отстранила со помош на солзавец.

Движењето е инспирирано од канадските „конвои за слобода“ кои ја парализираа Отава, а кои влегоа во третата недела.

Во Франција, на протестот се собраа противници на пропусниците кои им овозможуваат на луѓето вакцинирани против коронавирус пристап до голем број места отворени за јавноста (ресторани, кина итн.), но и демонстранти против зголемените сметки за енергија. Меѓу уапсените е и еден од лидерите на „Жолтите елеци“ Жером Родригес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ