петок, 12 декември 2025

Во Њујорк се укинува задолжителното носење маска за повеќето затворени простории

Објавено на

часот

Сподели

Мерката, објавена во средата, доаѓа откако другите држави предводени од демократите усвоија слична мерка оваа недела, додека повеќето републикански држави никогаш дури и не воведоа таква обврска.

Од четврток, четвртата американска држава со најголема популација – околу 20 милиони, од кои скоро 9 милиони во Њујорк – повеќе нема да бара носење маска во затворени простории, во продавници, ресторани, сали за настани, компании, рече вчера пред новинарите демократската гувернерка Кети Хочул.

Обврската останува во училиштата, пензионерските домови, социјалните институции и казнено-поправните установи, а секоја општина – вклучително и Њујорк – и секоја продавница ќе одлучи дали нејзините вработени и клиенти ќе носат маска, додаде Хочул.

Така, во познатите концертни сали на Бродвеј, во срцето на Менхетн, „сѐ уште ќе биде задолжително да се носи маска и потврда за вакцинираност во сите театри до 30 април“, изјави за Франс прес Шарлот Сент Мартин, претседателка на Бродвеј лигата.

Маската засега е задолжителна и во јавниот превоз – воз, метро, автобус, аеродром – кои подлежат на федералните закони.

Правдајќи ја својата одлука, Кети Хочул ги наведе податоците за јавното здравје што се во „пад“ во државата и градот што беа центар на пандемијата во 2020 година, со најмалку 38.000 смртни случаи за две години само во метрополата.

Гувернерката изрази задоволство од „одличната слика“ на здравствен план.

„Не завршивме (со ковид-19), но трендот е многу, многу добар и затоа сега предвидуваме нова фаза во пандемијата“, објави таа.

Државата Њујорк ги следи Калифорнија, Орегон, Њу Џерси, Конектикат, Делавер и Масачусетс, американските држави на западниот и источниот брег, кои од понеделник ја укинуваат обврската за носење маски во затворени простории и во училиштата.

Овие мерки, напротив, никогаш не беа воведени во републиканските држави како Флорида и Тексас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ