Русија денеска ја слави 77-годишнината од победата над фашистичка Хитлерова Германија, а претседателот Владимир Путин ќе го одржи долгоочекуваниот говор за настаните од војната против Украина.
На Црвениот плоштад во Москва се одржува воена поворка, која почна во 9 часот. Во неа учествуваат околу 11.000 војници. Изложени се тенкови и друга воена опрема.
Осум борбени авиони на небото ќе ја формираат буквата „Z“, што е официјален симбол на руската воена операција во Украина.
За разлика од минатите години, на настанот нема да присуствува ниту еден странски претседател.
Се шпекулираше дека Путин денеска би можел да нареди општа или делумна мобилизација на војниците, но Кремљ претходно го отфрли тоа, нарекувајќи го глупост.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=ZOWmAxoST-s autoplay:0]





