понеделник, 29 декември 2025

Во Кина се урна шесткатна зграда, непознат број на жртви (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Засега не е познато дали некој загинал кога зградата се урнала околу пладне по локално време во градот Чангша во провинцијата Хунан.

Кинеските државни медиуми јавија дека повеќе од 130 спасувачи се на местото на настанот, расчистувањето ќе продолжи во текот на ноќта, пишува агенцијата АП.

Според извештаите во зградата имало најмалку еден ресторан, продавници и мал хотел. Слични згради во Кина претежно имаат станови на повисоките катови, според АП.

На фотографиите кои се појавија се гледа дека предниот дел од зградата е претежно недопрен, додека задниот дел се чини дека е пропаднат.

Слабото придржување кон безбедносните стандарди, незаконските надградби и неупотреба на армиран бетон е најчеста причина за слични инциденти.

Причината често може да е дотраената инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ