среда, 4 февруари 2026

Во Јапонија со недели паѓаат обилни врнежи од снег, најмалку 35 мртви, речиси 400 повредени (ВИДЕО)

Обилните снежни врнежи во Јапонија однесоа најмалку 35 животи, соопштија владини претставници. Речиси 400 лица се повредени, од кои 126 сериозно, а властите предупредуваат дека се очекува уште полошо време во текот на викендот, објавува Скај њуз.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Повредите се пријавени главно во северните и централните региони на земјата, а повеќе од десетина згради се оштетени. Денешните снежни врнежи погодија 15 префектури, а се проценува дека снежната покривка во некои области ќе достигне висина и до два метра. Специјални работни групи се испратени во најтешко погодените области.

Поголемиот дел од смртните случаи и повредите низ целата земја се предизвикани од паѓања на луѓето додека се обидувале да го исчистат снегот околу своите домови. Пријавени се и случаи на ненадејни срцеви удари. Во градот Уонума, во префектурата Ниигата, позната по одгледувањето ориз, маж на возраст од околу 50 години беше пронајден колабиран на покривот од својата куќа. Во градот Нагаока, се верува дека маж на околу 70 години починал откако паднал од покривот на куќа.

Времето станува потопло, но властите предупредија дека топењето на снегот може да предизвика лизгање на земјиштето. „Ве молам да обрнете посебно внимание на сопствената безбедност. Носете шлем или користете безбедносно јаже, особено додека чистите снег“, изјави главниот секретар на кабинетот Минору Кихара за новинарите.

Причината за толку обилни снежни врнежи не е јасна, но смртните случаи и несреќите поврзани со снегот не се невообичаени во Јапонија. Според податоците од Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи, 68 лица загинале во текот на шесте зимски месеци минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ