вторник, 30 декември 2025

Во Израел се огласија сирените за жртвите на холокаустот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сирените утринава се огласија на две минути. Автомобилите сопреа на улиците, а луѓето стоеја во знак на сеќавање на настраданите.

Потоа почна церемонијата на сеќавање со високи израелски функционери и претседателката на германскиот Бундестаг Бербел Бас во меморијалниот центар Јад Вашем во Ерусалим. Бас положи венец во име на германскиот парламент.

Таа е првата високорангирана претставничка од Германија која присуствувала на специјалната церемонија во израелскиот парламент, каде на глас се читаат имињата на жртвите на холокаустот.

Рихард Луц, шефот на германската железница Дојче бан, исто така положи венец во Јад Вашем. Израелскиот Ден на сеќавањето на холокаустот годинава е насловен Возење со воз во уништување: Депортацијата на Евреите за време на холокаустот.

Поранешната германска железница, Дојче Рајхсбан, одиграла клучна улога во убиствата на европските Евреи.

„Претходничката на нашата организација длабоко била вклучена во депортацијата и убиствата на европските Евреи и Роми. Возовите одвезувале милиони луѓе на нивното последно одредиште“, кажа Луц по церемонијата.

Според официјалните податоци, во Израел сè уште живеат 161.400 лица кои го преживеале холокаустот и просечно имаат 85,5 години, а има над 1.000 постари од 100 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ