петок, 19 декември 2025

Во Италија откриена голема нелегална фабрика, запленети повеќе од 150 тони фалсификувани цигари

Повеќе од 150 тони фалсификувани цигари се запленети во нелегална фабрика – најголемата досега откриена во Италија – скриена во подземен бункер во близина на Касина, југоисточно од Рим, објави денес Царинската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од седум милиони цигари дневно, или околу 2,7 милијарди годишно, можеле да се произведуваат во нелегалната фабрика што се простира на површина од 1.600 квадратни метри, според истрагата на Финансиската гарда на градот Анкона.

Пристапот до фабриката, која се наоѓа под магацин, бил преку прикриен „софистициран хидрауличен механизам што совршено го криел бункерот што ги содржи машините и тоните фалсификувани цигари“, соопшти Царинската полиција.

Бункерот е вистински индустриски објект изграден според најновите технолошки стандарди, со три производствени линии и линија за пакување фалсификувани цигари.

Тајната фабрика, која произведува 5.000 цигари во минута, има систем за вентилација што спречува излегување на испарувањата, додаде Финансиската гарда.

Под земја има сместувачки простор со 18 кревети, бањи, тушеви и трпезарија, каде што работниците во производството се менувале, како и работилница за поправка на машините во фабриката.

Финансиската гарда ја проценила вредноста на објектот на повеќе од 1,7 милиони евра, а годишната продажба на повеќе од 900 милиони евра.

„Истрагата досега откри вкупно даночно затајување од приближно 600 милиони евра“, се вели во соопштението, во кое се додава дека досега имало едно апсење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ