петок, 30 јануари 2026

Во Индонезија, пар беше јавно камшикуван со 140 удари поради вонбрачен секс (ФОТО)

Жена и маж во индонезиската покраина Ачех беа јавно камшикувани со по 140 удари со стап поради сексуален однос надвор од бракот и пиење алкохол, што се смета за една од најстрогите казни откако длабоко конзервативниот регион го воведе исламскиот закон.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Ачех е единствената покраина во Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот, која го применува шеријатскиот закон, пишува Гардијан.

Казнетиот пар беше удиран по грбот со стап од ратан во јавен парк, пред десетици набљудувачи. Според извештајот на АФП, жената се онесвестила по извршувањето на казната и била однесена во болница.

Мухамед Ризал, началник на шеријатската полиција во градот Банда Ачех, објасни дека двојката добила по 140 удари – 100 поради сексуален однос надвор од бракот и 40 поради пиење алкохол. Се верува дека ова е еден од најголемиот број на удари изречени по воведувањето на шеријатскиот закон откако Ачех доби посебна автономија во 2001 година.

Четири други лица беа камшикувани истиот ден за кршење на исламскиот закон. Меѓу нив се и шеријатски полицаец и неговата партнерка, кои биле фатени во несоодветна близина на приватно место. И двајцата добија по 23 камшикувања.

„Како што ветивме, нема исклучоци, дури ни за нашите припадници. Ова сигурно ни штети на угледот“, рече Ризал.

Камшикувањето се користи во Ачех за низа прекршоци, вклучувајќи коцкање, пиење алкохол и хомосексуални и вонбрачни сексуални односи. Минатата година, двајца мажи беа јавно камшикувани со 76 удари откако шеријатскиот суд ги прогласи за виновни за сексуален однос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ