Угинатите риби, орада и бела орада, почнале да се појавуваат на површината на лагуната Рико во езерото Дрепано рано во вторникот, откако температурата на водата паднала на нула.
„Штетата е огромна, се проценува дека угинале околу 50 тони риба“, изјави Јоанис Оузуноглу, кој работи во државна рибна фарма.
Земјите во регионот се погодени од редок студен бран, а Атина е покриена со снег.
Thousands of farmed fish have died from cold weather in a lagoon in north-western Greece after a heavy snowstorm crippled the country this week https://t.co/4wM8lzNwUC pic.twitter.com/o7QzaR5zbe
— Reuters (@Reuters) January 27, 2022
„Рибите угинаа поради температурниот шок“, изјави научникот Константинос Пердикарис од грчкото Министерство за рибарство.
„Орадата е особено чувствителна на ниски температури и не може да преживее температури под четири Целзиусови степени“, рече тој.
Рибите биле во плитка вода, која побрзо се оладила, а поради кафезот не можеле да отпливаат во подлабока потопла вода.
Температурите на водата во лагуната обично се околу 7 до 8 степени во овој период од годината.
„Секоја година ги пуштаме во езерото, но оваа година, за жал, не го направивме тоа на време бидејќи студот дојде премногу брзо“, рече Оузуноглу.
Рибната фарма има повеќе од 600.000 риби од различни видови. Другите видови не се погодени.






