Државните здравствени власти ќе ги проследат имињата на невакцинираните до финансиските власти за наплата на казните. Парите ќе бидат искористени за помош на болниците во Грција.
Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека постои лесен начин да се избегне казната. „Вакцинирајте се па нема да не ја платите казната“, изјави тој за мрежата АНТ1 во интервју минатата недела.
Владата веќе ја гледа мерката како успешна. Од објавувањето на казната пред шест недели, вакцинирани се околу 217.000 лица постари од 60 години. Ова ја зголеми стапката на вакцинација во таа возраснa групa на 90 проценти.
Микотакис ја отфрли задолжителната вакцинација за другите возрасни групи и рече дека постарите лица сериозно заболуваат од ковид и мора да одат во болница.






