понеделник, 8 декември 2025

Во голем пожар во Њујорк загинаа најмалку 19 луѓе, меѓу нив 9 деца (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот избил на вториот или третиот кат на зградата во Бронкс. Си-ен-ен јавува дека уште најмалку 63 лица се повредени, а 32 се во критична состојба.

Комесарот на пожарникарската служба Даниел Нигро кажа дека ова е пожар „без преседан“ во Њујорк.

Пожарот изби неколку дена откако во пожар во станбена зграда во Филаделфија загинаа 12 луѓе, меѓу кои осум деца.

„Ова е ужасен, болен момент за градот Њујорк“, кажа градоначалникот Ерик Адамс.

Пожарот избил нешто пред 11 часот по локално време на вториот или третиот кат, и се проширил на сите катови. Жртви се најдени на скалите на секој кат од зградата, многумина умреле од срцев удар. Повредените главно имаат проблеми со дишењето поради вдишување чад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ